Внесување на издавачот Тајмиште АД Кичево на „Листата за набљудување“
петок, 01 јули 2022

Ве известуваме дека на 30.06.2022 година Одборот на директори на Берзата донесе заклучок за внесување на издавачот Тајмиште АД Кичево на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

Внесување на друштвото Тајмиште АД Кичево на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што друштвото има блокирана сметка.